Monday - Friday 08:00 - 16:00

Saturday and Sunday - CLOSED

+389 2 2720411 | 2 2775311

info@transmet.com.mk/mk

Vasil Gorgov br.16

TC Zebra 3rd floor, Macedonia

Top
 

Производство

ТРАНСМЕТ постојано се стреми да го прошири портфолиото на услуги и производи за да ги задоволи барањата на клиентите, во согласност со светските стандарди.

Фракции

Во 2010 инвестиравме во модерна опрема за потребите на отварање на каменолом во  Чардаковец, општина Чучер Сандево (20км оддалечен од центарот на Скопје) за производство на варовнички камен со врвен квалитет погоден за сите асфалтни и бетонски мешавини.

Во 2014 за потребите на проектот – Изградба на автопат Кичево – Охрид, секција Подвис – Пресека, отворивме нов каменолом во Зли Дол, општина Демир Хисар.

Двата каменолома располагаат со фракции со различна гранулации (0-4mm, 4-8mm, 8-16mm, 16-32mm) и работат во согласност со ИСО стандардите за заштита на животната средина.

Производство на асфалт

Во 2015 инвестиравме во опрема за производство на асфалт, стационирана база во с. Извор за потребите за проектот – Изградба на автопат Кичево – Охрид, секција Подвис – Пресека, со производствен капацитет од 200т/ч. Покрај производтвото на асфалт и бетон, располагаме и со акредитирана лабораторија за гео-механички анализи, тестирање и контрола на квалитетот на материјалите во согласност со највисоките Европски стандарди.

Производство на бетон

Во 2014 го збогативме портфолиото на производи и услуги за 2 мобилни бетонски бази лоцирани во областа „Чардаковец“ – Скопје со капацитет од 120 т/ч. и во с. „Извор“ – Кичево со капацитет од 180 т/ч.