Monday - Friday 08:00 - 16:00

Saturday and Sunday - CLOSED

+389 2 2720411 | 2 2775311

info@transmet.com.mk/mk

Vasil Gorgov br.16

TC Zebra 3rd floor, Macedonia

Top
 

За Нас

Во текот на дваесетте години од нашето постоење го направивме нашиот придонес кон градење на подобра средина. Мотото на нашата компанија е: "Ние го обновуваме минатото ... Ние ја градиме иднината ...".

За Нас

Градежната компанија ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје е основана во 1992г. која со повеќе од 25 години традиција успешно опстојува на домашниот пазар во областа на градежништвото и рударството. Постојано се стремиме да го прошириме нашето портфолио на услуги и производи со тоа што инвестираме во модерна опрема.

Преку посветеноста во работата, а со тоа и преку учество во изградба на неколку круцијални проекти за домашниот пазар, ТРАНСМЕТ полека но сигурно ја заслужи довербата на пазарот.

За време на своето постоење, ТРАНСМЕТ стана една од водечките компании на домашниот, но и на регионалниот пазар, пред се благодарејќи на  иновациите, амбициозноста, посветеноста, способноста и функционирањето на компанијата како единка.

ТРАНСМЕТ постојано се стреми да го прошири портфолиото на услуги и производи за да ги задоволи барањата на клиентите, во согласност со светските стандарди.

На домашниот и на регионалниот пазар ТРАНСМЕТ ве опслужува со следните услуги:

Нискоградба, високоградба, хидро-градба, рударство, транспортни услуги, камени фракции од варовничко потекло, готов бетон и асфалт.

Визија и Мисија

Мисијата на нашата компанија е оригиналните идеи да ги претвориме во квалитетен краен продукт/услуга, кој ќе ги задоволи барањата на потрошувачите, а со тоа да добиеме и подобра пазарна позиција. Постојано се стремиме да го подобриме квалитетот на услугите и производите, пред се да бидат квалитетни, бидејќи тоа е единствениот начин кој гарантира успех и задоволство.

Со заеднички сили на нашиот тим, позитивна енергија и желба за успех, ги остваруваме заедничките цели на компанијата. Постојано инвестираме во современа опрема, во добро квалификуван кадар, одржуваме комуникација со клиентите, се со цел да ги подобриме услугите кои ги нудиме.

Нашата визија е да се претставиме на глобалниот пазар, да создадеме мрежа на меѓународни партнери, за да го прошириме пазарот на опслужување.